JavaScript is required

Three-Year-Old Kindergarten brochure - Macedonian

Викториската влада инвестира речиси 5 милијарди долари во текот на една деценија за воведување на универзално финансирани градинки за тригодишни деца – и тоа е сега на располагање ширум државата.

Викториската влада инвестира речиси 5 милијарди долари во текот на една деценија за воведување на универзално финансирани градинки за тригодишни деца – и тоа е сега на располагање ширум државата.

За викториските деца тоа значи уште една година учење, растење, играње и другарување.

Учеството во квалитетна програма за градинки за деца од тригодишна возраст ги подобрува учењето, развојот, здравјето и добросостојбата на децата.

Малите деца учат за светот околу нив низ играње

Малите деца најдобро учат низ играње. Тоа им дава можност да ја користат нивната имагинација, да ги зголемуваат јазичните способности и да учат за броеви и облици. Исто така, тие учат како да се слагаат со други, да споделуваат, слушаат и да си ги контролираат чувствата.

На децата во Викторија им се на располагање две години финансирана градинка

Децата ширум државата од 2022 година ќе имаат корист од пристап од најмалку пет часа неделно на финансирана програма во градинка. Бројот на часови ќе се зголеми на 15 часа неделно до 2029 година.

Без оглед каде вашето дете ќе оди во градинка, програмата ќе ја водат учители и обучени просветни работници

Децата може да учествуваат во програма за градинки или во установа за целодневен престој (childcare) или во самостојна детска градинка.

Малите деца учат за светот низ игра

Тие учат како да се слагаат со други, да споделуваат, да слушаат и да си ги контролираат чувствата

Во програма за градинки, децата го користат играњето за да ги подобрат јазичните способности и да учат за броеви и облици

Учителите и просветните работници им помагаат на децата да станат љубопитни, креативни и сигурни во себе во поглед на учењето

Updated